• четврток, 21 ноември 2024

Приведено лице за изнуда

Приведено лице за изнуда

Скопје, 11 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција вчера од слобода го лишиле Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик - “изнуда”.

Како што се наведува во соопштението од МВР, на 08.08.2024 година, од страна на оштетениот, 39 годишно лице во Министерство за внатрешни работи било пријавено дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата оштетениот на 11.08.2024 година во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.

По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени одбележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.

Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “измама”. Од страна на Судија за претходна подтапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост, соопшти полицијата. ев/

ФОТО: МВР 

 

Остани поврзан