МИА Најави - МКД
- Скопје - Трибина во врска со Оперативниот план 2025, насловена: „Визија за промена“, на која ќе се обратат Сељатин Бељули, директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади и Весна Јаневска, министер за образование и наука. (Медија центарот на Владата/10:15)
31 мај 2025
Скопје - Трибина во врска со Оперативниот план 2025, насловена: „Визија за промена“, на која ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, Сељатин Бељули - директор на Агенција за вработување и Ѓоко Велковски - заменик-министер за социјална политика, демографија и млади. (Медија центарот на Владата/10:15)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска ќе дадат изјави за медиумите по повод почетокот на полагањето на државната матура во учебната 2024-2025 година. (Земјоделски факултет во Скопје (во чии простории полагаат учениците од СУГС „Марија Кири Склодовска“) /9:45)
Скопје - Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. (седиште на партијара/12:00)
Кочани - Осми „Марш за ангелите“ посветен на починатите и повредените во клубот „Пулс“. (почеток од Градскиот парк во Кочани/16:05)
Скопје - Прес-конференција на Далибор Антовски од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија. (пред Управата за воени инвалиди/11:00)
Скопје - Операта „Аида“ од Џузепе Верди традиционално ќе го затвори 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2025. ( Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Промоција на сликовницата „Другарка, Другарко и две маченца“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко а со илустрации на Наташа Костовска. (Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода/17:00)
Градско - Света архиерејска литургија во Археолошкиот локалитет „Стоби“ по повод 1700 години од Првиот вселенски собор.
Скопје - „Вдоми Љубов" Фест, еднодневен настан посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво. (Градски парк – тревникот кај 8-те чешми позади Вело Кафе/11:00)
Скопје - Второ издание на студентскиот филмски фестивал „ХАЈ-ФАЈ“.
____________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***