• недела, 19 мај 2024

Приведено едно лице, претрес во Кичево, пронајдена дрога

Приведено едно лице, претрес во Кичево, пронајдена дрога

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во Кичево полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера го лишиле од слобода Л.Ј.(28) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/ев/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан