• понеделник, 23 декември 2024

Приведени тројца рибокрадци од охридското село Трпејца

Приведени тројца рибокрадци од охридското село Трпејца

Охрид, 5 декември 2024 (МИА) – Службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ вчера приведоа тројца жители на селото Трпејца заради недозволен риболов.

Според полициското соопштение, лицата Н.Т.(67), Ѓ.Т.(64) и С.В.(77), вчера рано изутрината во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Пештани биле затекнати како излегуваат на брегот. При проверка на чамецот биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба охридски билвици и грунци со вкупна тежина од над десет килограми, како и друг риболовен алат.

Увид на местото извршил инспектор од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ и по консултации со јавен обвинител и целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. аб/бак/

фото/МИА архива

 

Остани поврзан