• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол

Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол

Скопје, 21 април 2025 (МИА) - На подрачјето на СВР Штип приведени се тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Лицата се исклучени од сообраќај, а против нив ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера на улицата „Гоце Делчев“ во Штип е приведен С.О.(50) кој имал 1,99 промили алкохол во крвта. 

Ноќеска во 02.45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево приведен е 18-годишниот Д.С.кој имал 1,62 промили алкохол во крвта.

Вчера на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица приведен е Д.В.(34) кај кој е констатирано дека возел со 1,53 промили алкохол во крвта. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан