• петок, 22 ноември 2024

Приведени петмина во Штип поради четири кривични дела „тешка кражба“

Приведени петмина во Штип поради четири кривични дела „тешка кражба“

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип, расчистија четири кривични дела „тешка кражба“.

Од нив, една „тешка кражба“ извршена на 13/14 март во штипска обложувалница, од каде биле одземени предмети, а осомничени и приведени биле двајца соизвршители -  Е.Џ., на 20-годишна возраст, како и еден малолетник од Штип, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Останатите три кривични дела „тешка кражба“ биле извршени на 20 март, при што од три куќи во штипското село Калапетровци, биле одземени разновидни предмети, а сторителите Д.А., А.С. и Џ.И., на возраст од 30, 40 и 33 години, од Штип биле фатени на лице место, додека го извршувале кривичното дело и биле лишени од слобода. Во службен разговор во полициска станица, тие ги признале кривичните дела, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани, се појаснува во соопштението.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. бд/сп/

ФОТО: Архива

Остани поврзан