• понеделник, 20 мај 2024

Приведени осомничените за нападот врз руските мировници во Нагорно Карабах, сменет азербејџански армиски командант

Приведени осомничените за нападот врз руските мировници во Нагорно Карабах, сменет азербејџански армиски командант

Москва, 21 септември 2023 (МИА) – Приведени се осомничените за нападот врз руските мировници во Нагорно Карабах, а командантот на корпусот на вооружените сили на Азербејџан е сменет од должност, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од една од руските безбедносни служби. 

-Приведени се првите осомничени за делото, изјави изворот, додавајќи дека командантот на корпусот на вооружените сили на Азербејџан, чии подредени се осомничени за смртта на рускиот воен персонал, е сменет од должноста. 

Претходно денеска азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се извини и изрази сочуство за смртта на руските мировници во Нагорно-Карабах, соопшти Кремљ. 

Вчера беше отворен оган врз возило со руски мировници, кои се враќаа од набљудувачка станица во регионот Јањатаг, во Нагорно Карабах, а во нападот загинаа руски војници, соопшти руското Министерство за одбрана. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан