• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пронајдена дрога кај две лица од Велес и Кавадарци

Пронајдена дрога кај две лица од Велес и Кавадарци

Скопје, 1 март 2025 (МИА) - Приведени се две лица од Велес и Кавадарци, откако при претреси во нивните домови била пронајдена дрога, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 7:50 часот, лишен од слобода бил 47-годишниот А.Д. При претрес во неговиот дом во Велес, по претходно издадена судска наредба, била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја.

- А.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа, по наредба од јавен обвинител, спроведен во Основното јавно обвинителство - Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, А.Д. бил спроведен во Казнено - поправна установа „Затвор - Скопје“, појаснуваат од МВР.

Подоцна, во 13 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А., на возраст од 31 година. При извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, 21 семки од растителна материја, дигитална вага и дробилка.

- Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан