• петок, 03 мај 2024

Приведени крадци во Гостиварско

Приведени крадци во Гостиварско
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Во гостиварско Неготино вчера околу 14.00 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Х.В.(33) и малолетник, двајцата од Кавадарци и 42-годишната И.Д. од Велес. Како што соопштија денеска од МВР, тие се сомничат дека извршиле кражба во работилница-сервис за поправка  во гостиварски Добридол. Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Остани поврзан