• петок, 17 мај 2024

Приведени двајца малолетници во Тетово затекнати при обид да украдат мотоцикл

Приведени двајца малолетници во Тетово затекнати при обид да украдат мотоцикл

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово ноќеска во 2 часот на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово  лишиле од слобода двајца малолетници.

-Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан