• петок, 05 декември 2025

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Скопје, 13 мај 2025 (МИА) - Полицијата синоќа во 21.00 часот во скопски Аеродром, полициски ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ при продажба на стан. 

Како што се наведува во соопштението од МВР, 34-годишен скопјанец на В.С.Н. и исплатил 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по што сфатил дека бил измамен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. ев/aa/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан