• петок, 22 ноември 2024

Приведена прилепчанка поради кражба

Приведена прилепчанка поради кражба

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Полицијата вчера ја лишила од слобода Е.М.(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари.

Како што соопшти МВР, Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/свд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан