• недела, 12 мај 2024

Приведена малолетничка, во нејзиниот ученички ранец пронајдена марихуана

Приведена малолетничка, во нејзиниот ученички ранец пронајдена марихуана

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода вчера лишиле од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана, соопштија од МВР.

Во присуство на родител, адвокат и инспектор, со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото.

 За случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан