• понеделник, 01 јули 2024

Приведена кумановка, осомничена за кражба

Приведена кумановка, осомничена за кражба

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 22:30 часот, ја лишиле од слобода кумановката М.З.(24).

Како што информираат од МВР, таа се сомничи дека на 07.03.2023 година влегла во приватен имот на улицата „100“ во Куманово и одзела пари.

М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава. дма/лв/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан