• четврток, 15 август 2024

Претставници од Општина Делчево заедно со 17 ученици на Противпожарен камп во Чрномељ, Словенија

Претставници од Општина Делчево заедно со 17 ученици на Противпожарен камп во Чрномељ, Словенија

Делчево, 15 август 2024 (МИА) - Тим од Општина Делчево заедно со двајца ментори од ТППЕ Делчево и група составена од 17 ученици од основните училишта од Делчево присуствуваат на 29-тиот интернационален противпожарен камп во Општина Чрномељ, Словенија. 

На кампот, како што информираа од Општината, учествуваат 230 деца поделени на водови, а за секој вод е определен по еден ментор. 

-Учениците низ детски игри, дружење, показни вежби со пожарникарите, се запознаваат со работата на пожарникарите, учат како се користи опремата со цел да научат што значи да се биде пожарникар, информираа од Општина Делчево.


Ова е второ учество на претставници од Делчево на кампот во Чрномељ.

-Целта на овој традиционален камп кој се одржува во Чрномељ е да се мотивираат младите да се приклучат кон доброволните противпожарни друштва. Учеството на ученици од Делчево на овој камп е резултат на добрата соработка на двете општини, Делчево и Чрномељ, додадоа од Општината.

Соработката со Општина Чрномељ е воспоставена во 2021 година, кога делчевското подрачје беше зафатено од пожари. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан