• недела, 22 декември 2024

Претставници на ОН изразија загриженост поради случувањата на израелско-либанската граница

Претставници на ОН изразија загриженост поради случувањата на израелско-либанската граница

Каиро, 25 август 2024 (МИА) - Канцеларијата на специјалниот координатор на Обединетите нации за Либан и мировната мисија на ОН на Блискиот Исток ги оценија како „алармантни“ случувањата на израелско-либанската граница.

Тие ги повикаа сите засегнати страни да го прекинат огнот и да се воздржат од натамошна ескалација на тензиите.

Египет предупреди дека откривањето на нов фронт од блискоисточниот конфликт во Либан крие опасност.

Каиро исто така повика на стабилност поради неодамнешното избивање на борби меѓу либанското шиитско движење „Хезболах“ и Израел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан