• четврток, 25 јули 2024

Претставникот на Холандија дисквалификуван од финалето на Евровизија  

Претставникот на Холандија дисквалификуван од финалето на Евровизија  

Малме, 11 мај 2024 (МИА) - Претставникот на Холандија Јост Клајн нема да учествува во финалето на избор на песна на Евровизија што ќе се одржи вечер во Малме, соопшти денеска Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на настанот.

Како што пренесува националната новинска агенција на Холандија АНП, причината е инцидент со вработена во Евровизија, што во моментов го истражува шведската полиција.

Ова е прв пат во историјата на Евровизија, претставник на некоја земја да биде дисквалификуван за време на настанот.

Клајн требаше да настапи како петти во финалето со песната „Европапа“.

ЕБУ нагласува дека има нулта толеранција кога станува збор за несоодветно однесување.

- Сакаме безбедна работна средина за сите вклучени во фестивалот. Однесувањето на Јост е спротивно на нашите правила. Затоа сега има само 25 кандидати во финалето, соопшти ЕБУ. Организаторите, исто така, посочуваат дека „за разлика од она што некои (социјални) мрежи го објавуваат, не станува збор за инцидент во кој е вклучен уметник или член на делегација.са/

Фото: Евровизија 2024

 

Остани поврзан