• четврток, 04 декември 2025

Претставен паметниот телефон „Нотинг фон (3)“

Претставен паметниот телефон „Нотинг фон (3)“

Лос Анџелес, 2 јули 2025 (МИА) - Телефонот „Нотинг фон (3)“ (Nothing Phone (3)) важи за еден од најочекуваните паметни телефони оваа година, а сега е официјално претставен. Има и неколку промени во дизајнот, како и подобрени спецификации, пишува „Кликс“.

Меѓу другото, „Глиф-интерфејсот“ еволуираше во „Глиф Матриx“ (Glyph Matrix), а монохроматскиот „ЛЕД“ дисплеј се наоѓа во горниот десен агол на задната страна на телефонот. Составен е од 489 поединечно осветлени ЛЕД-диоди и отвора нова димензија кога станува збор за известувања и алатки. На задниот дел има три камери од 50 мегапиксели, и главен сензор од 1/1,3 инчи со оптичка стабилизација на сликата.

Тука се, исто така, и „Глиф тојс“ за огледало, изглед на часовникот, „стоперката“, за батеријата, и игри како „Spin the Bottle“.

Мобилниот телефон доаѓа со дизајн во црно-бела боја. Верзијата со 12 ГБ РАМ и 256 ГБ внатрешна меморија чини 799 евра, а моделот со 16 ГБ РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија - 899 евра. Преднарачките се прифаќаат од 4 јули, а продажбата почнува на 15 јули.  си/сд/

Фото: фотоисечок од јавнообјавено видео

Остани поврзан