• сабота, 06 јули 2024

Претставата „Кожурец“ на претпоследниот ден на МОТ

Претставата „Кожурец“ на претпоследниот ден на МОТ
Скопје, 2 декември 2020 (МИА) - Претставата „Кожурец“ на театарот „Артопија“ во режија на Билјана Радиноска е денеска на фестивалската програма на 45. Млад отворен театар, која ќе биде прикажана онлајн од 19.30 часот. Според организаторот на МОТ - Младинскиот културен центар, „Кожурец“ е нов храбар обид за експериментирање на театарската група „Артопија“, која повеќе од четири години е симбол на слободен театарски израз. - Работена според вистинска приказна, претставата „Кожурец“  го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешните механизми на сексуалната злоупотреба на децата. Претставата е своевиден емотивен пејзаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес, соопшти МКЦ во најавата за претпоследната претстава на годинашниот МОТ кој завршува утре. Билетите се достапни само преку bileti.mkc.mk. Oнлајн-претставите се бесплатни но со задолжително „подигнување“ билети. хс/дма/

Остани поврзан