Заврши летната школа во штипската Библиотека
- Заврши Летната школа - БИБЛИОАРТ 2024, која осма година по ред ја организира Националната универзитетска-библиотека „Гоце Делчев“ - Штип. Во писменото соопштение од штипската библиотека се вели дека оваа летна школа се организира со цел да ги анимира учениците за време на летниот распуст.
Штип, 5 јули 2024 (МИА) - Заврши Летната школа - БИБЛИОАРТ 2024, која осма година по ред ја организира Националната универзитетска-библиотека „Гоце Делчев“ - Штип. Во писменото соопштение од штипската библиотека се вели дека оваа летна школа се организира со цел да ги анимира учениците за време на летниот распуст.
- Интересот на учениците беше навистина голем и во четиридневната програма ги забавуваме, едуциравме, шетавме и покажавме дека библиотеката нуди многу повеќе од позајмување книги. Денес почнавме со MakerSpace, активност што секоја година традиционално ја реализираме со American Corner Shtip, а завршивме со посета на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип, каде се запознаа со програмата и условите на училиштето, со инструментите, училниците и музиката која ни ја презентираше професор од училиштето, се вели во соопштението од Библиотека „Гоце Делчев“-Штип.
Во текот на изминатите денови учениците имаа неколку активности, учеа за сончевиот систем и имаа разговори за врсничкото насилство и како треба да се негува пријателството, да се биде добар и да се исполни желбата што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш. вдј/сст/
Фото: Библиотека –Штип