• понеделник, 04 март 2024

Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 март, се чека на кандидатурата на Путин

Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 март, се чека на кандидатурата на Путин

Москва, 7 декември 2023 (МИА) - Горниот дом на рускиот Парламент изгласа претседателските избори да се одржат на 17 март 2024 година.

Владимир Путин, кој сè уште официјално не објави дали ќе се кандидира на тие избори, е на власт како претседател или премиер од крајот на векот, што го прави лидер на Кремљ со најдолг стаж по Јосиф Сталин.

Во април 2021 година, тој потпиша закон што му дозволува да се кандидира за уште два шестгодишни мандати. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан