• четврток, 09 мај 2024

Претседателот Пендаровски се потпиша во книгата на жалост во ООУ „Ј.Х.-Песталоци“

Претседателот Пендаровски се потпиша во книгата на жалост во ООУ „Ј.Х.-Песталоци“

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски вечерва се запиша во книгата на жалост отворена во ООУ „Јохан Хајрих Песталоци“ во Скопје по повод смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

-Почивај во мир Вања! Сочувство до семејството, пријателите, соучениците, другарчињата, стои на објавата на фејсбук профилот на претседателот Пендаровски.

Пендаровски беше придружуван од неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска која исто така се потпиша во книгата на жалост. вг/цр/

Фото: фб профил на Претседател на РСМ Пендаровски

Остани поврзан