Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Панама
- Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Панама во Република Северна Македонија, Ана Марија Рејес Кастиљо, со седиште в

Скопје, 23 февруари 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Панама во Република Северна Македонија, Ана Марија Рејес Кастиљо, со седиште во Рим.
-На церемонијата на предавање на акредитивните писма, посакувајќи и успешен мандат, претседателот Пендаровски изрази уверување дека и покрај географската оддалеченост на двете држави и нивната припадност на различни региони, постои заемен интерес и значителен потенцијал за сеопфатна и плодна соработка, во интерес на народите на двете земји, информираат од кабинетот на претседателот.

Новоименуваната амбасадорка Ана Марија Рејес Кастиљо го пренела интересот на Република Панама за изнаоѓање на заеднички иницијативи за унапредување на размената во делот на културната, трговската и научната соработка. сст/ац/