• четврток, 26 март 2026

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски остварил работна средба со Шефот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОДИХР, Матео Мекачи, на која, како што инфрормираат, било разговарано за тековните и планираните активности на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР поврзани со претстојните избори.

Шефот на набљудувачката мисија, Мекачи, се вели во соопштението од Уставен, искажал особен интерес за одлуката на Уставниот суд, У.бр.186/2024 со која беа укинати член 17 и 18 од Изборниот законик. 

-Беше констатирано заемно задоволство од континуираната соработка и двајцата соговорници изразија подготвеност за понатамошна размена на информации и искуства во насока на зајакнување на владеењето на правото и демократијата во земјата, се вели во соопштението од Уставен. аа/сст/

Фото: Уставен суд

 

Остани поврзан