• петок, 15 ноември 2024

Претседателот на Собранието им го честита на Албанците Денот на знамето - 28 Ноември

Претседателот на Собранието им го честита на Албанците  Денот на знамето - 28 Ноември

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери, во свое и во име на пратениците, им го честита на Албанците албанскиот национален празник, 28 Ноември – Денот на знамето и Денот на независноста.

- Тоа што мудриот дипломат Исмаил Ќемали, пред точно 111 години го втемели заедно со делегатите од различните албански градови, кога го истакна националното знаме на Албанците во Валона, стана наша национална гордост и симбол на Албанците, нишка која не сплотува и ја сочинува силата која надминува секаква препрека. Месец Ноември е најважен месец во историскиот развој на Албанците, било да се работи за политичкиот, културниот и образовниот развој и етаблирање на албанскиот народ, и е повод за колективно чувство на гордост и среќа, се вели во честитката на Џафери.

Тој потенцира дека месецот ноември е потсетник за Албанците, тоа што биле, какви предизвици надминале и патоказ за определбите за кои се детерминирани да ги постигнат. Тоа, вели Џафери, е несомнено европската интеграција и тоа е целта што не мотивира да работиме посветено и неуморно и на државно и на регионално ниво на Западен Балкан.

- Заедно сме во НАТО, ќе бидеме заедно и во Европската унија, затоа што таму, заедно, со исти вредности и стандарди ќе придонесеме за подобар и побезбеден свет за идните поколенија. Живееме во времиња на предизвици во секој поглед и Албанците, заедно со сите граѓани на Република Северна Македонија се камен на консолидирање на силата за просперитет и градење на општество со универзални вредности за правата и слободите на човекот, истакнува во честитката Џафери.ир/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан