• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Светска банка предупреди на можни сериозни последици од војната меѓу Хамас и Израел

Претседателот на Светска банка  предупреди на можни сериозни последици од војната меѓу Хамас и Израел

Ријад, 24 октомври 2023 (МИА) - Војната меѓу Израел и Хамас може да предизвика сериозни економски последици, предупреди денеска претседателот на Светска банка, Аџеј Банга.

-Мислам дека она што се случува во Израел и Газа ќе има сериозно влијание врз економскиот развој, изјави Банга на конференцијата за инвеститори во Ријад.

„Мислам дека сме во многу опасен момент“, додаде тој.

Повеќе од 5.000 лица, меѓу кои и над 2.000 деца, се убиени во Газа од почетокот на војната на 7 октомври, а од друга страна, во Израел, од нападот на 7 октомври загинаа најмалку 1.400 лица, најмногу во првичниот напад на „Хамас“. Притоа има и повеќе од 200 заробени и однесени во Газа, каде што се држат како заложници. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан