Претседателот на МД „Илинден“, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје
- Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретна со Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје.
Дебар, 4 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретна со Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје.
-Чест и задоволство ми беше што имав срдечна средба со Јовица Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје. Разговаравме околу поддршката што оваа значајна институција може да ја даде за нашето друштво и нас Македонците во Албанија, како и унапредувањето на соработката, информираше Ѓурѓај.
Секако, додаде, разговаравме и околу прашања кои се однесуваат на проблемите на македонското национално малцинство во Република Албанија.
-На Никчевски во име на друштвото му подарив примероци од македонскиот весник „Илинден“, брошурата на македонски јазик, која беше за првпат објавена од Федералната унија на европските националности, како и фото албум „Народни носии на Македонците во Албанија“, посочи Ѓурѓај.вт/вј/
Фото: МД „Илинден“