• четврток, 21 ноември 2024

Претседателот на Демократскиот сојуз го осуди обидот за атентат врз Трамп

Претседателот на Демократскиот сојуз го осуди обидот за атентат врз Трамп

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов го осуди обидот за атентат врз поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

- Овој обид за атентат во САД само потврдува дека и најразвиените служби и системи за безбедност не можат да спречат некој поединец/лудак да се обиде да направи атентат со тешки последици и рефлексии во САД, но и пошироко во светот. Сигурно дека ќе следи широка и ефикасна истрага, но и предупредување до сите држави, дека заштитата од атентати е најсложена и најкомплексна  безбедносна и политичка компонента, напиша Трајанов. бак/

Фото: ДС

Остани поврзан