• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Бразил и претседателите на Конгресот и Врховниот суд го осудија упадот во институциите

Претседателот на Бразил и претседателите на Конгресот и Врховниот суд го осудија упадот во институциите
Бразил, 9 јануари 2023 (МИА) – Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и претседателите на Конгресот и Врховниот суд денеска го оценија како „терористички чин“ упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил.
 
Тие во заедничка изјава наведоа дека ќе ја бранат демократијата.
 
– Владата, гарант на демократијата и Уставот од 1988 година, ги отфрла актите на тероризам, вандализам на криминалците и пучистите, што се случија вчера во Бразилија, се вели во заедничката изјава.
 
Поддржувачите на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро вчера упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд.
 
Демонстрантите протестираа против враќањето на власт на левичарскиот претседател, кој го победи Болсонаро во вториот круг од 30 октомври.
 
Болсонаро ја напушти земјата два дена пред крајот на неговиот мандат, бојкотирајќи ја инаугурацијата. Се наоѓа во американската држава Флорида. Лула беше претседател на Бразил во два мандати (2003-2010). рп/

Остани поврзан