• понеделник, 20 мај 2024

Средба на лидерот на АА, Таравари со претседателката на Косово, Османи - Садриу

Средба на лидерот на АА, Таравари со претседателката на Косово, Османи - Садриу

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во придружба на пратеникот Аднан Незири и партиската потпретседателка Бујаре Абази, денеска оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи - Садриу.- На средбата разменивме мислења за билатералните односи, состојбите во двете земји, идниот и заеднички економски развој, инфраструктурното поврзување, евроинтеграцискиот процес, како и други прашања поврзани со регионот, руската агресија во Украина и импликациитe во регионот, изјави претседателот Таравари по средбата.

Како што соопштија од АА, Таравари и честитал на Османи-Садриу за либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани за патување во ЕУ и за учеството на Косово во различни регионални и меѓународни формати и механизми.Таравари истакна дека со претседателката Османи разговарале и за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и за спроведување на договорите меѓу нив, што ќе придонесе за постабилен регион и приближување до портите на Европската унија. цр/сп/

Фото: Алијанса за Албанците

Остани поврзан