Претседавачот на ОБСЕ, Борг во посета на Албанија
- Претседавачот со ОБСЕ, вицепремиер и министер за надворешни работи на Малта, Јан Борг, денеска ќе престојува во Тирана, што е последна дестинација од неговата мини балканска турнеја.
Тирана, 13 ноември 2024 (МИА) - Претседавачот со ОБСЕ, вицепремиер и министер за надворешни работи на Малта, Јан Борг, денеска ќе престојува во Тирана, што е последна дестинација од неговата мини балканска турнеја.
Во Тирана ќе допатува од Скопје а ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај и со министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани, со кого е предвидена заедничка прес-конференција.
Тој ќе ја посети и мисијата на ОБСЕ а ќе се сретне и со претставници на граѓански организации.
Балканската турнеја ја почна на 10 ноември со посетата на Босна и Херцеговина, по што ја посети и Црна Гора, Северна Македонија и денеска Албанија. вт/
фото ЕПА