• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претрес во Струмичко, пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во Струмичко, пронајдена дрога, приведено едно лице

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - Во струмичкото село Колешино синоќа во 20.20 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.Г.(28) од село Колешино.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени околу 120 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против А.Т.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан