Претрес во Прилеп, пронајдена дрога
- По претходно добиена судска наредба, денеска околу 10.30 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола извршен е претрес во дом кај В.И. во Прилеп, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, бела грутчеста материја, четири шишиња со течност со темно зелена боја.
Скопје, 30 март 2023 (МИА) - По претходно добиена судска наредба, денеска околу 10:30 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола извршен е претрес во дом кај В.И. во Прилеп, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, бела грутчеста материја, четири шишиња со течност со темно зелена боја.
Како што соопштија од МВР, В.И. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство. цр/аа/