• среда, 15 мај 2024

Претрес во Куманово, пронајден кокаин

Претрес во Куманово, пронајден кокаин
Скопје, 6 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.
 
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), Ф.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. бт/аа/
Фото: МИА архива

Остани поврзан