• недела, 12 мај 2024

Претрес во Куманово, кај двајца пронајдена дрога

Претрес во Куманово, кај двајца пронајдена дрога

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници од Куманово, синоќа, во 23.00 часот, ги лишиле од слобода кумановците А.Н.(31) и Н.А.(36) откако кај нив пронашле дрога.

- При преглед кај нив бил пронајден кокаин, а подоцна при претрес во домот на Н.А.(36), извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, шест дигитални ваги и повеќе куршуми, информираат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. ир/ев/


Фото: МИА архива

Остани поврзан