• четврток, 16 мај 2024

Претрес во Демир Хисар, пронајдени пушки и муниција, приведено едно лице

Претрес во Демир Хисар, пронајдени пушки и муниција, приведено едно лице

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола вчера  го лишиле од слобода Г.Ц.(61) од Демир Хисар.

Како што  известува денеска МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12мм, воздушна пушка калибар 4,5мм и 17 куршуми калибар 12мм.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан