• вторник, 28 ноември 2023

Претрес во Велес, приведени пет лица

Претрес во Велес, приведени пет лица

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Одделението за недозволена трговија Велес вчера лишило од слобода пет лица - М.Ж.(31), К.Д.(21), Ј.М.(20) и В.М.(39) и еден малолетник, сите од Велес.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки и активности, при извршени прегледи кај малолетникот и кај М.Ж., кои претходно, независно еден од друг, биле во домот на Ј.М., пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана и пари во разни апоени, по што биле приведени. 

Подоцна и К.Д., кој претходно бил во домот на Ј.М., бил запрен од полициски службеници, при што се обидел да избега, фрлајќи пакување со марихуана. Тој набрзо бил фатен и приведен, а дрогата била пронајдена и одземена.

Од МВР информираат дека синоќа, околу 21:00 часот по наредба на Основен суд Велес извршен е претрес кај Ј.М. Притоа биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис сатива, ќесички за пакување на дрогата и пари во поголем износ.

- Ј.М. бил приведен, а при претресот, В.М. ги попречувала полициските службеници да вршат службени дејства, по што и таа била лишена од слобода. Во координација со јавен обвинител, против сите пет лица ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението. мд/са/

Фото: МИА архива 



Остани поврзан