• среда, 24 април 2024

Претреси во Прилеп, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

Претреси во Прилеп, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Прилеп вчера привеле две лица, кај кои било пронајдено оружје.

МВР информира дека вчера во Прилеп полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при прилепското ОВР ги лишиле од слобода прилепчаните А.С .(23) и Р.Р. (23).

- При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, кај А.С. биле пронајдени и одземени пиштол „екол туна“ модел 635 и рачка со калибар 8 мм, една рамка со куршум калибар 8 мм, додека кај Р.Р. биле пронајдени и одземени пиштол „сигсауер“ калибар 9 мм со рамка без муниција, пиштол „екол фират“ калибар 9 мм со една рамка во која имало маневарски куршум 9 мм, пиштол „валтро“ модел 85 компакт, ловна пушка со чаркови, со скратен кундак и цевки, 30 куршуми калибар 9 мм и 10 парчиња ловен патрон 12 мм, информираат од полицијата.

По комплетно документирање на случаите против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок. ир/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан