• среда, 24 јули 2024

Претпладне со локални врнежи од дожд, попладне со сончеви периоди

Претпладне со локални врнежи од дожд, попладне со сончеви периоди
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат и ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 13 степени. Во среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.

Остани поврзан