Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд
- Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во западниот и северниот дел, ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) – Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во западниот и северниот дел, ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од утре условите за пороен дожд со грмежи краткотрајно ќе се намалат, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат од четврток и кон деновите од викендот.вј/хс/
Фото: МИА архива