Препораки на Народниот правобранител за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух
- По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител - Тим за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, заедно со партнерските организации кои се дел од Националниот мониторинг механизам, денеска на прес-конференција ќе ги промовираат согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“-Скопје.

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител - Тим за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, заедно со партнерските организации кои се дел од Националниот мониторинг механизам, денеска на прес-конференција ќе ги промовираат согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“-Скопје.
Воедно ќе бидат објавени и препораките на Народниот правобранител, кои ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, со цел изнаоѓање на системско решение за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух. дма/вг/
Фото: МИА архива