Премиерот Мицкоски во посета на Општина Градско
- Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежни активности на улица „8 Септември“ во Општина Градско.
Скопје, 29 септември 2025 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежни активности на улица „8 Септември“ во Општина Градско.
Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски потоа, ќе изврши увид на градежни активности на проширување и доградба на ООУ „Даме Груев“ со нов образовен објект, по што ќе даде изјава за медиуми.
-Вредноста на инвестицијата изнесува 25.458.492 денари и истата е обезбедена преку Владата, се додава во соопштението на владината прес-служба. нд/вг/
Фото: МИА архива