Премиерот Заев ќе има видеообраќање на виртуелниот „Thessaloniki Summit 2020”
- Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев вечерва со снимено видеообраќање ќе учествува на петтиот „Thessaloniki Summit 2020”, што оваа година, поради пандемијата, ќе се одржи онлајн, јави д
Атина, 5 ноември 2020 (МИА) – Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев вечерва со снимено видеообраќање ќе учествува на петтиот „Thessaloniki Summit 2020”, што оваа година, поради пандемијата, ќе се одржи онлајн, јави дописничката на МИА од Атина.
Македонскиот премиер, неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, албанскиот премиер Еди Рама и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји ќе упатат видеопораки на панелот за ЕУ-перспективата на Западен Балкан, што ќе се одржи на првиот ден од Самитот.
„Thessaloniki Summit 2020” е под покровителство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, го организира Федерацијата на индустрии на Грција во соработка со „Делфи економскиот форум“ и со поддршка од „Enterprise Europe Network Hellas“, а оваа година ќе биде во форма на дводневен виртуелен настан.
Македонскиот премиер и лани учествуваше на Самитот во Солун, а на маргините на „Thessaloniki Summit 2019” оствари средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. ср/скс/