• вторник, 12 ноември 2024

Премиерна изведба на претставата „Така зборуваше Гертруда“ во Драмскиот театар

Премиерна изведба на претставата „Така зборуваше Гертруда“ во Драмскиот театар
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Претставата „Така зборуваше Гертруда“ од Миа Николоска вечер премиерно ќе биде изведена во Драмскиот театар во Скопје. Режисер на претставата е Ангелчо Илиевски, а во насловната улога е Соња Стамболџиоска. - „Така зборуваше Гертруда“ е драма која како главна тема ја обработува правдата и што таа значи за секој еден засегнат во еден судски спор. Оваа драма е базирана на вистинска приказна каде свиња била дадена на суд бидејќи убила бебе. Главниот лик во драмата, Гертруда, е одраз на надчовечкото, таа е симбол на мајчинство и пожртвуваност, таа е подоблесна од луѓето, а тие за неа се стока. Судскиот спор е прозорец кон корумпираноста и нееднаквоста, почнувајќи од судијата, адвокатите и нивните клиенти па се до сведоците. Во оваа драма не постои херој,секоја постапка е себична, и секое добро дело е од корист. Сите се виновни за крајниот исход и сѐ што донело до таму, вели авторката Николоска. Во останатите улоги се Григор Јовановски, Стефан Вујисиќ, Трајанка Илиева-Вељиќ, Дамјан Цветановски, Рубенс Муратовски, Александар Степанулески, Ана Димитрова, Анастас Тановски и Емилија Мицевска-Трајковиќ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Марија Пупучевска, а музиката на Дарија Андовска. Претставата „Така зборуваше Гертруда“ ќе биде изведена и утревечер, информираат од Драмскиот театар. рп/са/

Остани поврзан