Премиера на комедијата „Љубов во струшко Нерези“ на драмското студио „Миладин“
- „Љубов во струшко Нерези“ е насловена најновата комедија на драмското студи „Миладин“, што вечер премиерно ќе биде изведена во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Струга, 30 септември 2023 (МИА) - „Љубов во струшко Нерези“ е насловена најновата комедија на драмското студи „Миладин“, што вечер премиерно ќе биде изведена во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Режисер на претставата е Ристе Миладинов, кој за МИА откри дека се работи за вистински настани што се случувале во струшкото село Нерези во минатиот век.
- Ќе прикажеме како се водела љубов меѓу младите во Нерези во минатиот век. Главна протагонистка во комедијата е Таса, која запливува во љубовните води, но постојано менува љубовници и се заплеткува во сопствената мрежа. Настаните се вистинити, а личностите измислени, но некој може и да се препознае во нив, истакна Миладинов за МИА.
Тој ја повикува публиката да ја проследи урнебесната комедија и да се изнасмее на љубовната приказна што некогаш се случувала во Нерези. сс/ар/
ФОТО/Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга