• вторник, 19 ноември 2024

Прелиминарни гласања во осум сојузни држави и во округот Колумбија

Прелиминарни гласања во осум сојузни држави и во округот Колумбија
Вашингтон, 2 јуни 2020 (МИА) - Во осум сојузни држави и во округот Колумбија денеска се одвиваат прелиминарни гласања за избор на демократски претседателски кандидат, кои ќе бидат генерална проба за претседателските избори во ноември. Изборите во Мериленд, Пенсилванија, Индијана и Роуд Ајленд требаше да се случат пред два месеци, кога САД беа заковани во пандемијата, и затоа беа одложени. Четири од државите, Ајова, Монтана, Њу Мексико и Јужна Дакота, пак покрај нормално, изведуваат и гласање преку пошта. Во Ајова има гласање за реизбор на републикански конгресмен во Претставничкиот дом. Иако овој последен бран на демократски прајмеризи повеќе се симболичен чин со кој се очекува да биде потврден изборот на поранешниот потпретседател Џо Бајден за претседателски кандидат од Демократската партија, изборите имаат и друго значење. Имено, се гласа масовно преку пошта. Поради коронавирусот, никогаш досега така не се гласало така сеопфатно преку пошта, во дури четири сојузни држави. Ова гласање ќе биде генерална проба за претседателските избори в ноември, за кои познавачите велат дека може да се воведе и гласање преку пошта, со оглед на тоа што се очекуваат компликации со втор бран на епидемијата на есен и многумина избирачи ќе се плашат да излезат на гласачките места. Еден од главните противници на ваков тип гласање е претседателот Доналд Трамп, кој неодамна повика дека гласањето против пошта би било нефер и подложно на манипулации. Засега, сеуште нема одлука дали на претседателските избори ќе биде дозволено масовно гласање по пошта. кб/  

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан