• четврток, 14 ноември 2024

Преку националната програма „млад земјоделец“ вкупно 838 млади почнале свои бизниси

Преку националната програма „млад земјоделец“ вкупно 838 млади почнале свои бизниси

Ранковце, 29 март 2024 (МИА) - Младите земјоделци се во нашиот главен фокус, преку двете мерки со поддршка од 10.000 и 20.000 евра за млади земјоделци, како мотив да почнат свој бизнис и активно да се вклучат во земјоделството, досега вкупно 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката и тоа: 576 со грант од 10.000 евра и 262 со грант- поддршка од 20.000 евра, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при посетата на младата земјоделка, Мариа Дуда Дибиаџо во Ранковце која со поддршка од министерството за земјоделство ќе произведува „Селски ајвар" по рецептот на бабите. 
Рече, секојдневно на терен запознава нови успешни земјоделски приказни на млади земјоделци, жени земјоделки, успешни ИПАРД корисници или мали производители на храна и вино.   

-Денес при посетите на Кратово и Ранковце имам можност да сретнам повеќе млади земјоделци, кои аплицирале и успешно ги реализирале мерките, што ги ставаме на располагање за поддршка на земјоделците.

Само минатата преку мерките за поддршка на малите винарии, мали дестилерии и мали производители на храна, МЗШВ поддржа 49 млади земјоделци кои успешно аплицирале и ги реализирале овие мерки, станува збор за поддршка вредна 27,7 милиони денари. Низ сите овие години, од 2017 до денес, преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, сме поддржале 2.689 млади земјодлеци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари. Поддршка со мерките за: млад земјоделц, набавка на педигриран добиток, набавка на трактори, комбајни за жито, сушари и комбајни за ориз, системи капка по капка, силоси, мандри, опрема за тутун, поддршка за пчелни семејства, подигнување на лозови и овошни насади. Преку ИПАРД 2 програмата, во чија реализација сме земја-лидер, поддржавме 1.212 млади лица, кои реализирале инвестиции вредни над 8 милијарди денари, рече Николовски.

-Секој ајвар од Балканот има своја приказна, А нашиот селски ајвар создаден на „Кантрисајт Ретрит" ,по рецептот и традицијата на бабите, изработен од жени кои сѐуште ја негуваат изработката на ајвар на селски начин, со намирници од локално производство. Со секоја купена тегла селски ајвар поддржувате семејство од ранлива категорија, изјави сопственичката,Мариа Дуда Дибиаџо,која од Њујорк се пресели во нејзиното родно село и тука започна успешна земјоделска приказна, покрај останатите активности, како рехабилитација на лица со попречености преку хипотерапија и други.

Николовски рече дека поддршката кон младите продолжува, според него, истата ќе се зголемува, со планирани 50 отсто повисоки грантови за поддршка на млади земјоделци кои започнуваат земјоделска дејност, од 10.000 на 15.000 евра, со 40 отсто авансна исплата, како и за младите земјоделци што во првите 5 години од превземање на бизнисот во земјоделството и нивно запишување во ЕРЗС системот, до 100 отсто пораст на субвенции од индректни плаќања.  

-Нашата заложба младите да ги задржиме дома во својата држава е искрена. Крираме јасни и конркетни мерки за младите земјоделци. Мерки прифатени од младите, што даваат резултати, нагласи Николовски. ид/мч/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан