Прекин на водоснабдување на дел од булевар „Србија“
- ЈП Водовод и Канализација – Скопје информира дека поради изведба на водоводен приклучок со пречник од 100 мм на булевар „Србија“ бб, кај Скендерови, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Скопје, 23 јули 2025 (МИА) - ЈП Водовод и Канализација – Скопје информира дека поради изведба на водоводен приклучок со пречник од 100 мм на булевар „Србија“ бб, кај Скендерови, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода ќе бидат корисниците на дел од булевар „Србија“, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот па сè до завршување на работните активности. ар/дма/
Фото: МИА архива