Прекин на водоснабдувањето на дел од корисниците на ул. Гемиџиска до раскрсница со село Ракотинци
- Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.8 до ул.16 парните броеви и дел од ул.7 и ул.1 потегот ул. Гемиџиска до раскрсница со село Ракотинци.

Скопје, 7 мај 2023 (МИА) - Од ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.8 до ул.16 парните броеви и дел од ул.7 и ул.1 потегот ул. Гемиџиска до раскрсница со село Ракотинци.
Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект приклучна цевка на ул.14/8а во село Сопиште.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до санирање на дефектот. цр/
Фото:МИА