Прекин во водоснабдувањето поради десетина дефекти во мрежата во Тетово
- Јавното комунално претријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово информира дека е прекинато водоснабдувањето во градот поради повеќе од десет дефекти во водоводната мрежа. Екипите на ЈКП „Шар“ се на терен и интензивно работат со максимален капацитет за што побрзо нормализирање на водоснабдувањето.
Тетово, 6 октомври 2025 (МИА) - Јавното комунално претријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово информира дека е прекинато водоснабдувањето во градот поради повеќе од десет дефекти во водоводната мрежа. Екипите на ЈКП „Шар“ се на терен и интензивно работат со максимален капацитет за што побрзо нормализирање на водоснабдувањето.
-Ги замолуваме граѓаните за разбирање и Ве уверуваме дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по санацијата на дефектот, велат од ЈКП „Шар“.

Вчера прекин во градското водоснабдување имаше поради дефект на улица „Јордан Златановски“ во Тетово. ас/вј/
Фото: ЈКП Шар